Охрид, 2. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Полската авио компанија ЛОТ „Полиш ерлајнс“ ќе воспостави летови од аеродромот во Охрид.
Ваква можност била разгледана на средбата меѓу министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски со претставници на авио компанијата. Според него со воспоставување на летови и од „Св. Апостол Павле“ би се зголемиле капацитетите на искористенот на овој аеродром.
Годинава во Охрид, со чартер летови од Катовице на авиокомпанијата „Small Planet Airlines“, преку еден од најголемите полски туроператори, „Рего-Бис“, дојдоа полски туристи, а чартер летовите ќе се реализираат до крајот на септември.
Во насока на раздвижиме авиосообраќајот на охридскиот аеродром, кој според Сугаревски е неискористен потенцијал, согласно владината програма, ќе се обезбедат што повеќе дестинации од страна на нискобуџетни компании. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива