Охрид, 2. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен jугозападен и западен ветер, кој во западните делови ќе засилува.
УВ индексот ќе биде 7, а максималната температура ќе се искачи до 32. степени.
– Максималната температура и денес ќе биде над просекот за овој период oд годината. Во недела нашето подрачје ќе потпадне под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, што ќе услови променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд, грмежи и повремено засилен југозападен ветер. Пообилни врнежи се очекуваат во попладневните часови и во источните делови од земјава. Локално процесите ќе бидат поинтензивни. Од понеделник времето ќе биде променливо и посвежо, а кон средината на неделата со локални врнежи од дожд, информираат од УХМР Македонија. (Крај)
извор: Метео фото: архива