Избор Охрид

Денес „Охридска софра“ во Скребатно

Охрид, 2. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во прекрасното село Скребатно во близина на Охрид денес ќе се одржи годинешното издание на традиционалната манифестација „Охридска софра“.

Голем број учесници, мајстори – готвачи ќе учествуваат на манифестацијата со свои производи, препознатливи за охридскиот крај, а во рамки на настанот  и оваа година ќе се одржи и натпревар во приготвување на специјалитетот ѓомлезе.

Предвидена е дегустација, оценување и прогласување на победниците на натпреварот, за кои се обезбедени парични награди. За добрата забава ќе се погрижи ансамблот „Билјана Јуниор“.

Промоцијата на алтернативниот туризам во охридскиот регион, продолжувањето на традицијата како темел на нашиот рурален развој, креативноста на жителите, производители на вкусното ѓомлезе, сирење и презентацијата на традиционалната храна и годинава ќе бидат главен белег на оваа манифестација. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави