септември 2, 2017

Охрид, 2. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Очигледно локалната власт во заминување, предводена од Бакрачески и ДПМНЕ, по теркот на нивниот лидер, Груевски, сака по нивното заминување да остави тотален хаос, реагираат од ОО на СДСМ од Охрид.

– Јасно е дека тие никогаш не се грижеле за потребите на граѓаните, но апсолутната негрижа за учениците, говори за нивното лицемерие и безобразие. На само неколку дена до почетокот на новата учебна година, учениците во основно образование кои досега го користеа организираниот превоз, сега ќе мора да се снаоѓаат како знаат и умеат бидејќи Бакрачески и неговите експерти, навремено не избрале превозник кој ќе го спроведува тој превоз. Оваа неспособна локална власт веројатно преокупирана со партиските приоритети, директно е најодговорна за тоа што оваа учебна година, образовните институции ќе ја започнат неподготвени. Тие мислат дека со бојадисувањето на училниците и бришење прашина од клупите ја завршиле работата и подготвени се да ги примат учениците, стои во дописот до медиумите.

Од СДСМ го потсетуваат Бакрачески дека според Член 61 од Законот за основно образование, цитираме: „ (1) Ученикот има право на бесплатен превоз ако местото на живеење е оддалечено најмалку два километри од најблиското основно училиште.

– Се чини дека Бакрачески и оваа локална самоуправа се премногу блиску до локалните избори, за да се грижат за тоа како од 4ти септември ќе доаѓаат на училиште овие деца. Ваквото однесување е крајно неодговорно и непрофесионално. Граѓаните се свесни и ќе ја казнат оваа локална власт за ваквата негрижа на престојните локални избори. По 15-ти октомври, во Охрид ќе имаме нова локална власт предводена од Социјалдемократскиот Сојуз, власт која ќе се грижи за унапредување на образовниот процес и максимална грижа за сите ученици, реагираат од ОО на СДСМ од Охрид. (Крај)

извор: СДСМ Охрид фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука