септември 2, 2017

Охрид, 2. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Младите на Црвен крст Охрид, вклучени во програмата Промоција на хумани вредности – Црвен крст во акција, (ПХВ-ЦКА), предводени од ПХВ инструкторите се подготвуваат за одбележување на Неделата на промоција на хумани вредности која традиционално се реализира од 21-27 септември.

– На дводневна работилница која викендов се одржува во Едукативниот тренинг центар во Велестово младите ќе подготвуваат театарска претстава и други содржини со кои во деновите на Неделата на Промоција на хумани вредности ќе испратат силна порака за разновидноста на културите и толеранцијата, дијалогот и соработката, взаемната доверба и разбирање кои се меѓу најдобрите гаранции за мирот и соживотот, а ние како претставници на Црвен крст имаме одговорност да дејствуваме, информираат од Црвен крст Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука