Uncategorized

Во Битола ќе се одбележи Денот на Обединетите нации

Битола, 23. октомври 2014 (ИНПРЕС) – По повод одбележувањето на светскиот ден на Обединетите нации, 24-ти октомври, ќе биде одржан настан под наслов „Иднината што ја сакаме во 2030 година”.

Претставници од агенциите на Обединетите нации, министерствата, академијата, граѓанското општество и студенти заедно ќе разговараат за иднината што ја сакаат и за Македонија и за светот.

Во официјалниот дел на настанот ќе се обратат: Луиза Винтон, Постојаниот координатор на Обединетите нации, Фатмир Бесими, Вицепремиер за европски прашања на Република Македонија, Диме Спасов, Министер за труд и социјална политика на Република Македонија, Абдилаким Адеми, Министер за образование и наука, Про-ректорката на Универзитетот во Битола, проф. Др. Јована Тутеска и Владимир Талевски, Градоначалник на Битола.

За време на настанот ќе биде промовирана и временската капсула, изработена од студентите од архитектонскиот факултет, во која сите учесници ќе имаат можност  да остават ‘разгледници од иднината’ со својата визија за свет во кој сакаат да живеат во 2030 година. Временската капсула ќе биде запечатена, и отворена на 24 октомври 2030 година.

Настанот ќе се одржи утре во Хотел „Епинал” – Битола. (Крај)

извор: Инпрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука