септември 3, 2017

Охрид, 3. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Основците од  „Братство и единство првиот училишен ден ќе го поминат во школскиот двор.

Според информациите, наместо во 07:30 часот да влезат во училиштето, како што беше најавено од задниот влез, тие ќе останат во училишниот двор. Причината е несанираниот главен влез, воедно и потпорен столб, оштетен при најсилниот од серијата земјотреси во Охрид, што се случи на 3-ти јули.

Од Советот на родители оствариле средби со наставниците, на кои им било посочено дека стравуваат за безбедноста на своите деца. Па, оттаму најавија бојкот на утрешниот прв училишен ден.

Инаку, главниот влез во ова училиште претрпе најголема штета од земјотресите. Уште тогаш информиравме дека за состојбата во која се наоѓа училиштето бил направен записник од страна на општинскиот кризен штаб и било побарано од локалната самоуправа да бидат ставени во приоритетните објекти за санација, со оглед на тоа што се работи за зграда изградена во 1948 година. Но, еве досега ситуацијата е „статус кво“. Вратата сеуште е потпрена со држачи, а според последните најави од училиштето веќе деновиве ќе се знае фирмата која во текот на овој месец ќе го санира главниот влез. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука