Охрид, 4. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во делови од Охрид, утре и задутре ќе се спроведе системска дератизација, информираат од Центарот за јавно здравје.
– Ќе бидат опфатени населбите „Билјанини извори“, „ Гоце Делчев“, Воска и Даљан како и по булеварот „Туристичка“, улиците „Питу Гули“, „ Железничка“,„Јане Сандански“, „ 7-ми Ноември“,„ Марко Нестороски“, „Кеј Македонија“,„ Македонски просветители“, „Момчило Јорданоски“ и „Прва македонска ударна бригада“, соопштуваат оттаму.
Дератизација се реализира согласно Законот за заштита на населението од заразни болести. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 17