Охрид, 5. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Денеска навршуваат осум години од потонување на бродот „Илинден“, при што загинаа 15 туристи од Бугарија.
Несреќата се случи на 5- ти септември 2009 година, во 10:33 часот, кога на околу 200 местри од брегот на езерото кај автокампот „Елешец“ се преврте и потона туристичкиот брод „Илинден“. Притоа загинаа 15 од 56-те патници, туристи од соседна Бугарија, кои патуваа на излет во Свети Наум.
По тој повод членови на Здружението на граѓани „5 септември“ ќе положат цвеќе пред спомен-плочата на жртвите во несреќата, поставена на Градскиот кеј во Охрид.(Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 31