септември 6, 2017

Охрид, 6. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Вкупно 59 студенти од втора и повисоките години си обезбедија кревет во Државниот студентски дом „Никола Карев“ во Охрид за академската 2017/2018 година.

Пет студенти, поради неисполнување на условите од конкурсот, биле одбиени.

Според објавениот конкурс од Министерството за образование, во охридскиот студентски дом на располагање се вкупно 231 легло. Од нив 46 за бруцошите, додека преостанатите 185 за студентите од втора година па нагоре.

Инаку, во тек е електронското аплицирање за бруцошите, а конечниот список на примени студенти од прва година ќе биде објавен на 11-ти септември. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука