Охрид, 7. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Охридскиот Црвен крст, преку сопствениот Клуб на млади организира хуманитарен пијано концерт на кој ќе настапи талентираната пијанистка Викторија Митеска, уметник во класата на проф. д-р Ана Гацева.
Хуманитарниот музички настан ќе се одржи вечерва во просториите на Основното музичко училиште „Методи Патчев“ во Охрид, со почеток во 19:00 часот.
Влезот е слободен, а средствата кои ќе се соберат во собирните каси поставени на влезот, ќе бидат наменети за здравствените потреби на лица со социјален ризик од Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 60