Охрид, 7. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Согласно со Законот за празниците на Република Македонија, утрешниот ден, 8-ми септември, Денот на независноста е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија, соопштија од Министерството за труд и социјална политика.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните во Република Македонија им го честита Денот на независноста.
Денот на независноста 8-ми септември во Македонија се слави од 1991. На тој ден македонскиот народ , излезе на Референдум и со мнозинство, на најдемократски начин ја изгласа својата независност. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 26