Охрид, 7. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 65-годишниот А.М. од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.
– На осми минатиот месец во стан во Охрид, сопственост на сопругата на пријавениот, настанала експлозија од која била оштетена целата покуќнина, како и вратите и прозорците во станот. Притоа, биле оштетени и повеќе возила кои биле паркирани во близина на зградата. Експлозијата настанала од плинска боца, а во станот бил само пријавениот, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 21