Охрид, 7. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Гореше сува трева и капини во близина на Рача, но благодарение на брзата реакција на охридската противпожарна единица пожарот е саниран.
Според информациите оттаму била зафатена површина од 2000-3000 метри квадратни, а поради ветровитото време пламените јазици многу лесно можеле да се прошират и на објектите во близина. Но, за среќа не е предизвикана материјална штета. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 27