Охрид, 8. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Порталот Либертас јави дека актуелниот градоначалник на Охрид, Никола Бакрачески нема да се бори за втор мандат во Охрид.
СДСМ неодамна го објави својот адут – професорот на ФТУ, Јован Стојаноски.
Како кандидати за градоначалник на Охрид од редовите на ВМРО-ДПМНЕ сега се споменуваат имињата на деканот на ФТУ од Охрид, професор д-р Цветко Андреески, а не е исклучена и опцијата, Сашо Стефаноски, екс директорот на ФЗО, охриѓанец по потекло, од општина Центар, да биде кандидат за Охрид. (Крај)
извор: Либертас фото: архива
Прочитано: 32