Избор Охрид Спорт

Бивот и Перуновиќ триумфираа на 31-от Меѓународен атлетски маратон „Влатко Димитров“

Охрид, 8. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Виклиф Кипкорир Бивот од Кенија во машка и Слаѓана Перуновиќ во женска конкуренција најбрзо ја истрчаа 30 километарската патека на 31-от Меѓународен атлетски маратон „Влатко Димитров“.

Патеката од Свети Наум до Охрид спаѓа во една од потешките, со многу нагорнини и надолнини, но и многу убави пејзажи, па затоа е и една од поомилените за маратонците. Дека не е лесна потврди и кениецот Бивот, на кого му требаа 1 час 41 минута 19 секунди за да ја истрча.

pobednicimazi

– Големо благодарам на организаторите. Ова е мое прво учество тука и многу сум среќен што успеав да победам. Не беше лесно, има многу нагорнини и надолнини,  но ова ќе биде една добра подготовка за маратонот кој ме очекува, рече Бивот.

Втор кај мажите целта ја мина Тамаш Наги од Унгарија, кој беше победник на овој маратон во 2012 година, Неговото време беше 1 час, 49 минути 16 секунди, додека третопласиран беше Илир Рутхани од Косово со време 1 час 51 минута 25 секунди.

Кај жените, кој годинава ги имаше во рекорден број, 26, победи Слаѓана Перуновиќ од Црна Гора, со време од 1 час, 55 минути 52 секунди.

slagjanaperunovic

–  Имаше силна конкуренција, но задоволна сум од постигнатото. Искрено, не очекував дека ќе бидам прва, а сепак успеав дури и да го соборам државниот рекорд во Црна Гора за цели две минути. Овој маратон ми е беше одлична подготовка за Балканското првенство во Загреб, потенцира Перуновиќ.

pobednicizeni

Зад неа со време од 2 часа 3 минути и 21 секунда на целта стаса Ана Суботиќ од Србија, која  се до 2015 година, пет години го држеше рекордот во женска конкуренција на оваа патека, додека трета низ целта со време од 2 часа 16 минути 30 секунди мина нашата Адријана Поп Арсова.

Најдобар од македонските претставници, а севкупно четврти, беше Кокан Ајаноски.

На ова 31-во издание на маратонската трка беше соборен рекордот во број на пријавени учесници, кои годинава ги имаше 147. Презадоволни сме од одзивот и од тоа како помина целата трка рече претседателот на Здружението „Охридски Атлетски маратон 2012“, Пецо Неданов.

– Ова е многу тешка маратонска трка која е предизвик навистина за многу искусни маратонци и е една од најтешките како што кажуваат самите учесници. Па така секој кој ќе пристигне тука на целта е практично победник на овој маратон, подвлече Неданов.

Како и лани и на годинашното издание на маратонот трчаше и министерот за финансии, Драган Тевдовски, кој овојпат даде поддршка за лицата со ретки болести.

tevdoski1

– Со големо задоволство, втора година по ред учествувам, ми дава многу убава енергија. Оваа година трчав за поддршка на лицата со ретки болести и мислам дека и други јавни личности треба да се вклучат во поддршка за нив. И мислам дека наредните години треба да направиме се, овој охридски маратон да стане попоуларен и да има поголема поддршка, истакна Тевдовски.

trka5km

Во рамките на Меѓународниот атлетски маратон, годинава за првпат се одржа и рекреативната Трка на независноста во должина од пет километри, во знак на поддршка на лицата со ретки болести, на која учестуваа 88 натпреварувачи. Најдобри на оваа трка беа Атанас Танчески, Кристијан Наумоски и Мики Попоски во машка и Бојана Наумоска, Ивана Кипријаноска и Драгана Усовиќ во женска конкуренција.

Во знак на благодарност и почит, постхумно на Владо Деребан и Влатко Димитров им беа доделени плакети за почетните и одлгогодишните активности и посигнатите успеси во развојот на атлетиката во Охрид и Македонија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука