Охрид, 9. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Со по една црвена роза за секоја дама која учествуваше на маратонот, Охридскиот атлетски маратон и дамите со рози „ги испеглаа“ неодамнешните несогласувања.
Организаторите претходно ја признаа грешката, кога пред еден месец, ги објави паричните награди за учесниците на маратонот, а кои беа значително повисоки за мажите атлетичари, отколку за жените. Откако следеше лавина од критики и обвинувања за дискриминација, бидејќи сепак и жените и мажите ја трчаат истата патека со должина од 30 километри, тој се извини на јавноста и ги изедначи наградите.
– Немав намера никого да навредам, но кога со колегите од организација сфативме дека жените се чувствуваат дискриминирани, веднаш се потрудивме да најдеме повеќе спонзори и за сите обезбедивме исти парични награди. Еве денес, на целта на трката, како уште едно извинување од мене, но и гест дека сум кавалер и ги почитувам дамите, на секоја од нив, веднаш по завршувањето на маратонот и подарував по една црвена роза, изјави Неданов за Фокус.
31. интренационален Охридски маратон, по извинувањето на Пеце, дури привлекол повеќе жени учеснички, отколку што се надевале. Ако во годините наназад имало едвај околу десет, годинава биле без малку триесет. (Крај)
извор: Фокус фото: Фокус