Охрид, 10. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде претежно сончево и топло со слаб до умерен јужен ветер.
УВ индексот ќе биде 7, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 28. степени.
– Денес и во понеделник ќе биде претежно сончево и топло, на повеќе места со натпросечни дневни температури на воздухот. Во понеделник во текот на ноќта и во вторник претпладне, под влијание на нов влажен бран повторно ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд и грмежи, претежно во западните делови од земјава. Ќе дува и засилен јужен ветер. Потоа во наредните денови ќе преовладува стабилно и малку посвежо време, информираат од УХМР Македонија. (Крај)
извор: Метео фото: архива
Прочитано: 27