септември 10, 2017

Охрид, 10. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – По вчерашните, на моменти обилни врнежи од дожд, во Охрид денеска имаме идеално време за прошетки, но и за капење.

На температура од 28 степени, охриѓани, а и оние кои решија продолжениот празничен викенд, исполнет со повеќе забавни, културни и спортски настани, да го поминат во Охрид, уживаат во сончевото време.

kej2По кејот раздвижено, бродовите и кајчињата крстосуваа по езерото, а имаше и такви кои се капеа во езерските води, чија температура според последните мерења е 20 степени.

kej3kej4Според метеоролозите и утре ќе се задржи претежно сончево и топло време, во вторник и среда ќе има преодна дестабилизација на времето, а веќе од четврток дневните температури ќе бидат во постепен пораст. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука