септември 11, 2017

Охрид, 11. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Поради немање кворум, денеска беше одложена расправата во охридскиот совет по Иницијативата за распишување на референдум на локално ниво за доселување на подрачјето на општина Охрид на лица, баратели на азил.

Оваа седница, првично закажана за минатиот четврток, беше одложена за денес во 11:00 часот, па почетокот беше пролонгиран за еден час, по што конечно седницата е презакажана за утре.

Изградбата на бегалски кампови беше тема и на минатата седница, кога Советот на Општина Охрид ја одби нацрт стратегијата за бегалци и странци.

Освен тоа, со дневниот ред се опфатени и Предлог одлуката за прогласување на стариот чинар на плоштадот „Чинар“ како „споменик на природата“ и усвојување на елаборатот за негова валоризација, санација и ревитализација, како и Предлог одлука за исправка на одлуката за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 24 ученици во основните училишта во општина Охрид, која беше донесена на минатата седница. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука