Охрид, 11. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Пожар избувна во поранешната охридска касарна „Михајло Апостолски“, нешто по 15:00 часот.
Од ПТПЕ Охрид излегоа на терен со 4 возила и 16 пожарникари, кои заедно со граѓаните успешно го изгаснаа пожарот пред дождот проследен со поголемо невреме, кој го зафати регионот.
Во пожарот изгореа неколку борови и тревата во кругот на касарната, а брзата реакција не дозволи истиот да се прошири кон околните куќи.
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 49