Охрид, 11. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Пороен дожд, силен ветар и грмежи доцна попладне го зафатија Охрид.
И покрај релативно краткотрајните, но обилни врнежи и овојпат по којзнае кој пат на површина ги извадија проблемите на жителите и угостителите во старото градско јадро.
Од друга страна пак, дождот беше на страната на охридските пожарникари во гаснењето на пожарот што попладнево избувна во поранешната охридска касарна „Михајло Апостолски“.
Кога сме кај невремето, според податоците кои ги добивме од терен, на превојот Ѓавато покрај дожд, имало и врнежи од град.
Според податоците од УХМР, утре предпладне сеуште ќе има локални врнежи од дожд со ретки грмежи, кои во текот на денот постепено ќе престануваат. Во среда ќе има услови за краткотраен локален дожд. Потоа, во наредните денови ќе преовладува стабилно време и малку посвежо, но понатаму дневната температура ќе има тенденција во постепен пораст. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес