Солун, 12 септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Над 1.500 изложувачи од 18 земји, учествуваат на 82-от Меѓународен саем во Солун, кој оваа година е најголем во изминатата деценија, како почесна земја ја има Кина, а ќе трае до 17-ти септември.
И Македонија традиционално е активен учесник на саемот. Генералниот конзулат во Солун, преку штанд посветен на здравата храна, промовира македонски производи од неколку македонски компании, а генералната конзулка на земјава, Маја Апостолова учествуваше на состанок со генералните конзули од 12 земји што го организира заменик-министерот за надворешни работи на Грција.
Во насока на она што го кажа грчкиот премиер, во обид да се надгради улогата на Солун, да се зголеми соработката и на меѓународно ниво, заменик-министерот Јанис Аманатидис, се сретна со конзулите на Македонија, САД, Германија, Франција, Русија, Србија, Романија, Бугарија, Кипар, Турција, Чешка и на Албанија. (Крај)
извор: Нова Македонија фото: архива