септември 13, 2017

Охрид, 13. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – По повод 114 годишнината од битката кај Рашанец, претпладнево се одржува традиционалниот марш, односно посета до вечниот дом на војводата Аргир Маринов-Маринче и неговите востаници.

Организатор е Здружението на граѓани „Свети Василиј“ и Советот на месната заедница од село Куратица.

Argirmarincev 2017 - 3

Argirmarincev 2017 - 4

Предвиден е историски час кај местото на загинувањето на војводата Аргир Маринче и неговите востаници – сожртви, како и запознавање со деталите од настанот во 1903 година.

Argirmarincev 2017 - 2

Инаку, битката кај Рашанец е најголемиот настан во охридско, кај народот познат и како втор „Мечкин Камен“. На ова место 117 оружани востаници (со примитивно оружје и недоволно муниција) воделе нерамна борба со безмалку три илјаден турски аскер. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука