септември 13, 2017

Охрид, 13. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Од утре до 16-ти септември Охрид ќе биде домаќин на третата Меѓународна конференција „Квалитет и компетентност 2017“.

Конференцијата се организира со цел промоција и унапредување на развојот, квалитетот и компетентноста на лабораториите и инспекциските тела во земјава, кои како чинители на инфраструктурата за квалитет со своите испитувања и тестирања, придонесуваат за подобрување на квалитетот на работна и животна средина, како и целокупното живеење.

Организатор е македонското Здружение на лаборатории и инспекциски тела – МАКЛАБ и Институтот за акредитација на Република Македонија (ИАРМ).

Предвидени се обраќања на заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули, претседателката на МАКЛАБ, м-р Магдалена Трајковска Трпевска, д-р Трпе Ристоски, директор на ИАРМ, како и претседателот на ЕУРОЛАБ, Алваро Силба Ривеиро. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука