Охрид, 13. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Женскиот вокален етно состав „Езерки и оркестарот 7/8“ од Загреб, во рамки на својата мини турнеја низ Македонија, во сабота гостуваат во Охрид.
Постоејќи и работејќи од 1995 година, како дел од Хрватско-македонското друштво од Загреб, Република Хрватска, етно составот „Езерки и оркестарот 7/8“ ја негуваат македонската традиционална и староградска музика на свој специфичен начин, а зад себе имааат и пет студиски албуми.
Концертот ќе се одржи во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 19:30 часот, а влезот ќе биде бесплатен.
Ќе бидат изведени: „Македонско девојче”, „Ако умрам, ил загинам”, „Битола, мој роден крај” и многу други песни. Во рамки на концертот, ќе биде прикажан и документарниот филм под наслов “Лудуваме за Македонија”. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива