Струга, 15. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во среда, 20-ти септември, во Паркот на поезијата пред библиотеката во Струга, ќе се одржи мини саем на издавачката куќа „Сакам книги“.
Во периодот од 10-15 часот, посетителите ќе имаат можност да ги набават омилените бестселери по саемски цени.
Саемот е во организација на Центарот за култура “Браќа Миладиновци” од Струга и издавачката куќа „Сакам книги“. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 23