Скопје, 15. септември 2017 (ОХРИДПРЕС)- Државната изборна комисија (ДИК) утре во 13:00 часот ќе спроведе ждрепка на која ќе се распоредат локациите на рекламните паноа и билборди кои се нудат за политичко рекламирање од страна на правните лица кои стопанисуваат со нив.
– На ждрепката треба да учествуваат претставниците на правните лица кои доставиле понуди за рекламни паноа и билборди и поднеле локации и ценовници до ДИК. Доколку нема присутен претставник од понудувачите, извлекувањето ќе го изврши лице од стручната служба, велат од комисијата.
Политичките партии, учесници во изборниот процес, како што соопшти ДИК ќе може да присуствуваат и да го следат процесот на спроведување на ждрепката за рекламни паноа и билборди. (Крај)
извор: ДИК фото: архива