Охрид, 15. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Поради изведување градежни работи на патот Кичево-Охрид, на потегот од Пресека до Песочан, од утре се воведува времена измена на сообраќај, со преминување од една коловозна лента во друга, соопшти денеска Диспечерскиот центар на ЈП „Македонија пат“.
На патот каде се воведува времената измена е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
Режимот на сообраќај ќе трае до завршување на градежните работите на патот. (Крај)
извор: АМСМ фото: архива
Прочитано: 40