Охрид, 15. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Македонската православна црква – Охридска архиепископија и Дебарско-кичевската епархија – Охрид, ги известуваат православни верници дека во недела, на 17-ти септември, по повод свечената прослава „50 години автокефалност на МПЦ-ОА и 50 години од формирањето на Дебарско-кичевската епархија“, во манастирот „Св. Великомаченик Георги“ во кичевско Кнежино, ќе се служи Света архиерејска литургија и осветување на новиот конак.
Со светата архиерејска литургија, која ќе започне во 09:00 часот, ќе чиноначалствува Неговото Блаженство, Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан заедно со Архиереите на МПЦ-ОА. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 31