септември 16, 2017

Охрид, 16. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Женскиот вокален етно состав „Езерки и оркестарот 7/8“ од Загреб, вечерва ќе имаат свој настап  во Охрид, во рамки на нивната мини турнеја низ Македонија.  

Постоејќи и работејќи од 1995 година, како дел од Хрватско-македонското друштво од Загреб, Република Хрватска, етно составот „Езерки и оркестарот 7/8“ ја негуваат македонската традиционална и староградска музика на свој специфичен начин, а зад себе имааат и пет студиски албуми.

KoncertEzerki

Концертот ќе се одржи во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 19:30 часот, а влезот ќе биде бесплатен. Во нивни препознатлив стил ќе бидат изведени „Македонско девојче”, „Ако умрам, ил загинам”, „Битола, мој роден крај” и многу други песни.

Во рамки на концертот, ќе биде прикажан и документарниот филм под наслов “Лудуваме за Македонија”. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука