септември 16, 2017

Охрид, 16. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Поради изведување градежни работи на патот Кичево-Охрид, на потегот од Пресека до Песочан, од денес се воведува времена измена на сообраќај, со преминување од една коловозна лента во друга, соопштија од Диспечерскиот центар на ЈП „Македонија пат“.

На патот каде се воведува времената измена е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Режимот на сообраќај ќе трае до завршување на градежните работите на патот. (Крај)

извор: АМСМ фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука