Струга, 16. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во атарот на струшкото село Калишта, синоќа околу 22:00 часот, на 300 метри од брегот во Охридското Езеро, полициски службеници од Полициската станица во Струга, во глисер врзан за бова пронашле опојна дрога марихуана.
– Се работи за бел мал чамец во должина од околу 4 до 4,5 метри со мотор без капак каде што при преглед биле пронајдени две црни торби со по 14 паковки тревкаста материја или вкупно 28 паковки со вкупна тежина од околу 30 килограми со опојна дрога марихуана. Од страна на полициски службеници дрогата е подигната од местото на настанот и е пренесена во Полициската станица Струга за понатамошна постапка, информираат од МВР.
Додаваат дека се работи на целосно расчистување на случајот. (Крај)
извор: МВР фото: МВР