септември 16, 2017

Охрид, 16. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Oд 14-ти до 16-ти септември во Подгорица, Црна Гора се одржа Форум 16+1 за соработка помеѓу Народна Република Кина и 16 држави од Централна и Источна Европа. Годинашниов самит имаше цел да ја унапреди соработката во областите транспорт и логистика, агробизнис и туризам.

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола е активен учесник на овој форум. Во рамки на Форумот деканот на Факултетот за туризам, Цветко Андреески, потпиша договор за креирање на 16+1 Унија на колеџи од областа на туризмот во која учествува и Факултетот за туризам и угостителство од Охрид.

Оваа иницијатива е поддржана од страна на Владата на Народна Република Кина.

16+1 е иницијатива на Владата на Кина, која има цел да поттикне сорботка меѓу Кина и шестаесет земји од Централна и Источна Европа: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Чешка, Естонија. Унгарија, Летонија, Литванија Црна Гора, Полска, Србија, Македонија, Словачка и Словенија. Иницијативата е започната во 2012 година, а настојува да развие економска, политичка и културна соработка меѓу регионите и Кина преку размена на информации на самити, конференции, деловни форуми и други настани посветени на туризам, образование, земјоделство, енергетика и инфраструктура.

Следната година домаќин ќе биде Белград. (Крај)

извор: Република фото: Република

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука