септември 17, 2017

Битола, 17. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Рано утрово, во 04:30 часот. на магистралниот пат Прилеп-Битола, во близина на селото Српци, се случи сообраќајна незгода во која едно лице го загуби животот, а три лица се повредени.

– Инцидентот се случил помеѓу патничко возило марка „БМВ“ со охридски регистерски таблици управувано од страна на 42-годишниот А.Р. од Охрид и патничко возило „Киа Соренто“ со скопски регистерски таблици управувано од 25-годишниот Т.К. од Скопје. Во незгодата возачот на „БМВ“-то, А.Р. загинал на самото место, додека со тешки телесни повреди се здобила 36-годишната Р.С. од Охрид сопатничка од истото возило, а вториот сопатник во возилото, 41-годишниот Е.С. од Охрид се здобил со телесни повреди. Исто така, со телесни повреди се здобил и возачот на возилото „Киа соренто“, лицето Т.К. Повредените биле пренесени во болница во Битола каде им била укажана лекарска помош, информираат од МВР.

Од страна на СВР Битола на местото на настанот бил извршен увид и се работи на целосно расчистување на случајот. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука