Струга, 18. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – На територијата на општина Струга во месец јули биле издадени дури 19 одобренија за градба, објави Државниот завод за статистика.
Кај 16 од нив како инвеститор се јавува физичко лице, а во три инвеститорот е деловен субјект.
Предвидената вредност на објектите е 123 061 000 денари. Ќе се градат 22 станови, со вкупна корисна површина од 2 086 м2.
Инаку, колку за споредба, во месец јуни, во Струга беа издадени само две градежни одобренија. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 19