Охрид, 18. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во месец јули во Охрид биле издадени вкупно три одобренија за градба, објави Државниот завод за статистика.
Во еден случај како инвеститор се јавува физичко лице, додека во другите два деловен субјект.
Предвидената вредност на објектите е 6 923 000 денари.
Во анализираниот период, во Општина Дебрца нема издадени одобренија за градба.
На ниво на Република Македонија, според податоците на Државниот завод за статистика, во месец јули оваа година се издадени 205 одобренија за градење, што е за 19.9% помалку во однос на истиот месец од претходната година. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 27