Струга, 18. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Вчера, околу 14:00 часот настанал пожар во семејната куќа на 61-годишниот И.О од струшко Радолишта.
– Пожарот првично настанал во просторија на првиот кат во која имало шпорет на дрва кој бил запален, при што оганот се проширил во поткровјето, каде оштетена била покуќнината, мебелот и стаклата од балконските врати, информираат од МВР.
Причината за настанувањето на пожарот и материјалната штета дополнително ќе бидат утврдени. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 26