Охрид, 19. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во Охрид ќе присуствува на отворањето на Втората меѓународна конференција на тема „Справување со предизвици од растечкиот верски екстремизам: Менаџирање и преговори во кризни ситуации предизвикани од верски екстремисти“.
Конференцијата е организирана од Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ) и Министерството за внатрешни работи.
– Екстремизмот претставува феномен кој по правило е насочен против востановените вредности на едно општество, при што во себе содржи препознатливи елементи на насилен криминал. Заканата од насилниот екстремизам е комплексна. Тој може да ги дестабилизира државите, ги подрива општествените норми и вредности, и повикува или директно предизвикува насилство. Поврзаноста на екстремизмот со тероризмот, како и неговиот диверзитет- кој варира од популаризирање екстремистички идеи до заговарање насилство за реализација на целите -овозможува овој феномен да ги надминува националните рамки и да добие меѓународна димензија, порачуваат организаторите. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива