Охрид, 19. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Попладнево во просториите на Државната изборна комисија се ждрепка беше утврден редоследот на партиите и незевисните учесници на гласачките ливчиња за претстојните локални избори.
Кандидатот за градоначалник на Охрид од редовите на СДСМ и коалицијата, професорот Јован Стојановски ќе биде под број 19, д-р Митко Тилевски предложен од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата е под број 13, а независниот кандидат за прв човек на Охрид, Стевче Стевоски го носи бројот 44.
За Охрид беа поднесени и прифатени пет листи за советници. Носителите од СДСМ и ВМРО ДПМНЕ ќе ги имаат истите редни броеви како и кандидатите за градоначалник, додека носителот од ДПА ќе биде под број 15, Коалицијата ДУИ, Алијанса за Албанците и БЕСА, ќе бидат четврти, а носителот на независна советничка листа, Љупчо Настоски ќе биде под број 24.
Општинската изборна комисија има обврска најдоцна до 21-ви септември да ги објават листите на кандидати за членови на совет и за градоначалник.
Шестите локални избори ќе се одржат на 15-ти октомври. Изборната кампања започнува на 25-ти септември, а ќе трае до 13-ти октомври на полноќ. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива