Охрид, 19. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – На магистралниот пат А2, патен правец Кичево-Охрид, на потегот од Пресека до Песочан, утре се воведува времена измена во одвивањето на сообраќајот.
Како што соопштија од „Македонија пат“, времената измена ќе се одвива со девијација, односно со преминување од една коловозна лента во друга за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
Овој режим на сообраќај ќе трае до завршувањето на градежните работите. (Крај)
извор: АМСМ фото: архива
Прочитано: 20