септември 20, 2017

Охрид, 20. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд, на места проследен со ретки грмежи и со засилување на ветерот. Повеќе врнежи се очекуваат во западните делови од земјава. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец, на места ќе достигнува брзина до околу 65 км/час.

УВ индексот ќе биде 5, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 22. степени.

– Денес ќе дува засилен југозападен ветер, а ќе има и повремени врнежи од дожд со појава на ретки грмежи. В четврток времето ќе биде променливо облачно и доста свежо со слаб локален дожд, особено во западните делови од земјава. Ќе дува умерен северозападен ветер. Дневната температура значително ќе опадне за околу 10-тина степени. Потоа во петок и за време на викендот времето ќе биде стабилно и свежо со ниски утрински температури, информираат од УХМР Македонија. (Крај)

извор: Метео фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука