септември 20, 2017

Охрид, 20. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во кафе бар Shilla вечерва ќе се одржи охридска промоција на втората книга на Отец Пимен, митрополитот европски на Македонската православна црква, алтруист, луциден раскажувач, скеч гуру-цртач и ревносен патувач.

Книгата со наслов „Патувајќи“ е збир колумни кои нè тераат и нас самите да пропатуваме преку неговите размисли и ненаметливи совети. Мотото на ова дело е „Од сите книги на светот, најдобрите приказни се пронаоѓаат на страниците од пасошот“.

– Често патувам. И долго. Понекогаш со часови, со денови. Многупати со кола, со луѓе во кои имам доверба, со кои делам размислувања, вели Отец Пимен.

Диоген бараше со газиена ламба човек, односно она што значи човек. Отец Пимен патувајќи и духовно и физички, ги пронаоѓаше луѓето. Успеа во она што Диоген не го финишира и ја пронајде светлината во секој човек. Духовната сила во книгата „Патувајќи“ е бесценето богатство откинато од неговото милосрдно срце.

– Се чувствувам како да сум станал веќе зависник од километража, од постојана промена на држава, град, кревет, вели Отец Пимен. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука