Охрид, 20. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Земјотрес со јачина од 2.7 степени по Рихтер беше регистриран утрово во 08:51 часот во близина на Ресен.
Епицентарот на потресот беше на 8 километри од градот, а беше почувствуван и во поширокиот регион на Охрид.
Граѓаните на овој дел од државата се видно вознемирени, особено по серијата земјотреси кои во текот на пролетта и дел од летото беа регистрирани во овој регион. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 31