Здравје

Смејте се повеќе за да живеете подолго

Вашингтон, 25. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Насмевката и позитивниот став го продолжува животот, утврди група американски научници, кои учествуваа во глобалното истражување на атеросклерозата.

Истражувањето било спроведено во период од цели 15 години, а резултатите се објавени во јануарскиот број на списанието „Health Behavior and Policy Review“. Тајната е во добрата состојба на кардиоваскуларниот систем на луѓето кои почесто се насмевнуваат или се радуваат.

Научниците ја анализирале здравствената состојба на 5.100 доброволци на возраст од 45-84 години. 38% од нив биле белци, 28% Афроамериканци, 22% Латиноамериканци и 12% биле од Југоисточна Азија, сите поделени во две групи експериментална и контролна. Групите биле приближно еднакви по параметри како средна возраст, раса, националност, начин на живот, физичката активност, образование и приходи.

Во текот на истражувањето биле земени во предвид и фактори како масата на телото, количината холестерол и нивото на гликоза во крвта, крвниот притисок. Учесниците пополниле и анкетни листови со прашања за тоа каков тим личност се оптимист или песимист.

На крајот било утврдено дека показателите кај оптимистите биле за 50-76% подобри отколку кај песимистите, а веројатноста од кардиоваскуларни болести речиси два пати помала. (Крај)

извор: Health фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука