Струга, 21. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „загрозување на сигурноста“, Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 50-годишниот Д.Б. од Струга.
– На 18-ти минатиот месец, во 23:30 часот, пријавениот во видно алкохолизирана состојба физички ги нападнал неговата сопруга и синот, удирајќи ги со тупаници по целото тело. Потоа, со лопата која ја земал од дворот, се обидел повторно физички да го нападне синот. Бидејќи не успеал во намерата, тој извршил оштетување на дел од покуќнината. Видно агресивен, пријавениот Д.Б. на сопругата и синот им упатил сериозни закани по нивните животи. Со брза интервенција на полициските службеници, спречено е неговото натамошно агресивно однесување по што, Д.Б. е приведен во Полициската станица во Струга, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива