септември 21, 2017

Охрид, 21. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Кога станува збор за гружата на Охридското Езеро најголеми проблеми со кои се соочуваме се индивидуалната, но и институционалната свест, односно ангажирањето на инстутициите за решавање на одредени проблеми, порача Дејан Пановски, координатор на ГЕФ дримскиот проект, кој беше денешен гостин во смисијата „Радио Корнер“ со Александра Алексијевска на Супер радио.

– ГЕФ Дримскиот проект е проект за прекугранична соработка за управување на водените површини од Дримскиот басен во кој се инволвирани неколку држави. За нас е значен, зошто водењето грижа за езерото е проблематика и предизвик за целиот регион. Во рамките на проектот се работи на надзор за квалитетот на водите во сливот, социо-економски анализи на сливот, како е тематски извештаи за состојбите со биодиверзитетот, загадувањето и хидрологијата на Дримскиот басен итн.  Целта е да се создаде база за организарано управување со водените површини, истакна Пановски.

Тој додаде дека до февруари ќе се изготви формуларот за апликација во УНЕСКО и се очекува 2019-тата да се заштити и тој дел од албанската страна, со што Охридското Езеро ќе добие поголем степен на заштита.

– Тоа е втората фаза од историскиот процес, а првата фаза беше реализирана во 2014-та година со прогласување на прекуграничен биосферен резерват Охрид-Преспа, потенцираше Пановски.

Според него, хидролошки е критично нивото на водостојот во езерото и во моментов е под просекот.

– Затоа секогаш потенцирам дека институционалната грижа треба да се крене на повиско ниво, истакна Дејан Пановски, координатор на ГЕФ дримскиот проект во рамките на „Радио Корнер“.

Емисијата „Радио Корнер“ се емитува на Супер радио, водечката локална радио станица во државата, секој работен ден во терминот од 12:00 до 14:00 часот. Водител е Александра Алексијевска. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука