септември 22, 2017

Охрид, 22. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Вечерва, точно во 22:02 часот, на територијата на Република Македонија и на северната хемисфера календарски започнува есента.

Во истовреме на јужната Земјина полутопка ќе почне пролетта. Првиот есенски ден трае 12 часа и 14 минути.

Времето во Охрид во првите есенски денови ќе биде есенско. Утре ќе преовладува променливо облачно свежо време со умерен до засилен северозападен ветер, повеќе изразен во источните делови. За време на викендот ќе има преодно стабилизирање со свежи утра и нешто потопло преку ден.

Есента, како и пролетта е споредно годишно време, за разлика од главните годишни времиња, летото и зимата. Есента е премин од високите летни температури, кон заладување на времето и подготовки за зимата.

На есенската рамноденица, по правило, денот и ноќта се со должина од 12 часа. Сонцето е најсилно на небесниот екватор и оди кон југ, каде изгрева точно на точката на мерниот исток и заоѓа точно на запад.

Есента ќе трае до 21-ви декември. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука