септември 22, 2017

Охрид, 22. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Универзитетски професори, практичари, претставници на невладиниот сектор и  креатори на политики од четири земји: Северна Ирска, Хрватска, Босна и Херцеговина и Косово, денеска ќе го посетат ОУ „Братство и Единство“ во Охрид.

Гостите ќе бидат запознаени со голем број мултиетнички активности кои се спроведуваат во училиштето.

Оваа посета е резултат на вклученоста на Македонија и училиштето со свој претставник, наставникот по информатика Марија Пупиноска-Гогова, во меѓународната мрежа на земји кои меѓусебно разменуваат знаења и искуства  околу прашања поврзани со интегрираното образование во мултиетничка средина. Искуствата кои се пренесени во училиштето секако се од голем придонес за наставниците кои реализираат квалитетна интегрирана настава и голем број мултиетнички воннаставни активности.

Учениците од „Братство и Единство“ имаат подготвено приредба за делегацијата, а преку видео презентација ќе биде промовирано училиштето како модел училиште. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука