Охрид, 22. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајна несреќа на булевар „Туристичка“, кај малата скалеста зграда се случи попладнево, во која учествуваа автомобил и велосипед.
Од страна на екипи на СВР Охрид направен е увид, а подетални информации очекуваме во текот на денот.
Според првичните податоци на очевидци, повреден е велосипедистот кој се приклучувал на „Туристичка“ од улицата „Даме Груев“. Се утврдуваат причините што довеле до несреќата. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 34